Еден од најзаслужните за успехот на Еуро Никел 2005 оваа сезона беше Дарко Соколов. Со игрите во целито тек на сезпната со право го избриша епитетот на „заборавени“, и упте еднаш покажа репрезентативен потенцијал кој треба да се (ис) користи.
„Се боревме максимално во текот на целата серија и го дадовме максимумот. На крајот пресуди кратката клупа, но МЗТ Скопје беше подобар во оваа серија и на крајот заслужени победи. Честитки за титулата.
Но, би сакал и да се осврнам кон текот на целата сезона. Нашата амбиција од самиот почеток беше влез во шестте најдобри, а потоа ако можеме и влез во првите четири, односно плејофот. Затоа мораме да бидеме повеќе од задоволни од оваа сезона бидејќи се надминавме и влеговме во финале, а притоа не разочаравме и се боревме максимално на секој натпревар. Воедно сакам и да им честитам на сите во клубот за повеќе од успешната сезона, на колегите кои оставаа срце на терен на секој тренинг и секој натпревар. На тренерите Горан Самрџиев и Атанас Манев, на физиотерапевтот Орце кој се грижеше цела година за нас и на управата на чело со Ванчо Филков. Честитки за сите“ - порача Соколов по финалето.