Во консултација со новиот правилник на ФИБА и новонастанатите ситуации со правилото на играчи кои играат во клубови и должноста на клубовите да ги ослободат за репрезентативни обврски 72 часа пред почетокот на септемврискиот прозорец од втората рунда на претквалификациите, раководството на МКФ заедно со актуелниот селектор Јорданчо Давитков дојде до одлука да се продолжи соработката за целиот циклус на подготовки.
Првиот собир на сениорската репрезентација ќе се одржи на 31. август.
Во втората фаза од претквалификациите за Евробаскет 2021 сениорите ќе се надигруваат со Косово (13. септември) на гостински терен и со Романија (16. септември) на домашен терен во рамки на првиот претквалификациски прозорец.
Списокот на повикани кошаркари за првиот собир, како и времето и местото на одржување ќе биде дополнително објавен како и информацијата кои играчи кога ќе бидат ослободени од клубовите.
Се надеваме дека ќе наидеме на разбирање од македонските клубови за што подолго ослободување од клупските обврски на нашите репрезентативци затоа што репрезентативниот дрес мора секогаш да биде приоритетен