И покрај убедливиот пораз во Љубљана, кошаркарите на Хувентуд обезбедија пласман во ТОП 16 фазата од Еврокупот, што значи уште шест силни натпревари за Димитријевиќ и неговите соиграчи...
Ненад Димитријевиќ и Хувентуд со пораз го завршија оној прв дел од натпреварите во Еврокупот. Подобра од нив беше екипата на Олимпија Цедевита која славеше со високи (103:81).
Па по десет одиграни кола во групната фаза, со ефект од пет победи и пет порази, тимот од Бадалона заврши на позицијата број 4, последната која води во ТОП 16 фазата од ова натпреварување.
А Димитријевиќ имаше и повеќе од солидно издание на дуелот одигран во „Стожице“.
За 18:31 минути на теренот, младиот Македонец реализираше 13.поени (0/3 за три, 4/6 за два и 5/6 за еден поен), четири асистенции, три освоено, две загубени топки и еден скок.

Во втората фаза од Еврокупот, како дел од новоформираната група „Х“ екипата на Хувентуд ќе се бори со уште две шпански, Уникаха и Морабанк Андора, како и турскиот Тофаш.
Првопласираните две екипи од четирите групи, ќе обезбедат пласман во четвртфиналето на ова натпреварување.
*Веројатно и побрзо од предвиденото, Војдан Стојановски го имаше својот прв меч како играч на По Лак Ортез. И тоа на натпреварот од ФИБА Лигата на Шампионите, одигран во Германија, со екипата на Баста Вехта, кој на крајот го загубија со (86:93)

Стојановски беше во првата петорка на екипата од Франција. Одигра 27:31 минута. И притоа реализираше пет поени (1/8 од поле и 3/4 од линијата за слободни фрлања). Имаше и четири скока и една асистенција.
По девет одиграни кола, и ефект од две победи и седум порази По Лак Ортез е последен во групата „Б“ од ФИБА Лигата на Шампионите.