16.05.2018

Среќно!

Делегатот Миле Петковски заминува во пензија

Делегатот Миле Петковски става крај на својата кариера.

Искусниот контролор на натпревари ја започнува својата кариера на осумнаесет годишна гозраст како јуниор во тогашниот КК Текстилец од Штип, а добива и шанса на теренот на натпреварот за Куп на Југославија против Црвена Звезда од Белград.  Потоа, во 1966 година се формираше КК Работник исто така од Штип, каде Петковски играл до 1968 година. Наредната година настапува на квалификацискиот турнир за влез во Втората сојузна Југословенска лига, како член на КК Младост од Битола. Истата година почнал да настапува за КК МИК од Скопје, а по две години прави трансфер во Куманово каде во 1973 ја завршува својата кариера.

По завршување на кариерата полагал за кошаркарски судија пред комисија на чело со тогашниот сојузен судија Љабомир Фишиќ, а во пар со покојниот Борче Дојчиновски. Судиската должност ја обавува од 1976 година до 1985 година, а потоа станува и делегат.

„На крај сакам да се заблагодарам на сите кои пријатели, соиграчи, требжнери, колеги судии, колеги делегати, за да се чувствувам како најпријатен дел од мојот живот, во мојата 54 годишна кариера“ – кусо истакна Миле Петковски.

Среќна пензија!