17.11.2021

Продажбата ќе се одвива онлајн и на сите продажни места на MkTickets низ Македонија

Денеска почнува продажбата на влезниците за натпреварот Македонија-Шпанија

Спектаклот е загарантиран!

За прв пат во својата историја, македонската сениорска машка репрезентација пред себе ќе го има актуелниот светски шампион.

На 26. ноември, во СЦ „Јане Санданс,ки“, од 19.30 часот, Македонија ја пречекува Шпанија, во првото коло од квалификациите за Светскиот Куп 2023.

Продажбата на влезниците за овој кошаркарски спектакл, кои се по симболична, и достапна цена за сите љубители на кошаркарскиот спорт, ќе се одвива онлајн и на следните продажни места на „МКТикетс“ низ Македонија:

СКОПЈЕ:

ЛитератураМК Super Store – City Mall

ЛитератураМК - Буњаковец

ЛитератураМК – Веро  Центар

ЛитератураМК – улица „Македонија“

ЛитератураМК - ГТЦ приземје

ЛитератураМК – Ramstore mall

Макпетрол – Козле

Макпетрол – Порта Влае

Макпетрол – Илинденска

Југотон – ГТЦ 1

ВЕЛЕС: „Унисон“

ПРИЛЕП: ТА „Бран“

КУМАНОВО: Тобако „Агора“

ТЕТОВО: Гранд „Тобако“, Тобако „Монако“

ГОСТИВАР: Тобако „Вона Пет“

ОХРИД: ТА „Вис Пој“

БИТОЛА: ЛитератураМК

СТРУМИЦА: ТА „Сафари“