11.02.2024

...

Денеска во Битола, прес-конференција пред завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“

Организаторот, кошаркарскиот клуб „Пелистер“ – од Битола, ќе одржи прес-конференција по повод одржување на националниот Куп „Благоја Георгиевски-Буштур“ во машка конкуренција за 2024 година.

На прес-конференцијата која ќе се одржи на 12. февруари (понеделник), со почеток во 12:00 часот, во просториите на компанијата „Таскфорс“ во Битола, ќе бидат присутни претставниците (тренери и капитени) на осумте екипи во машка конкуренција, кои ќе земат учество на завршниот турнир на Купот, кој ќе се игра во периодот од 15. до 17.февруари, во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.