28.02.2020

ДЕРБИ ВО ЖЕНСКАТА ПРВА ЛИГА: „Баделки“ го предизвикуваат шампионот

Љубителите на кошарката, вечерва (19.20 часот) во Кисела Вода ќе имаат можност бесплатно да проследат  дербито во женска сениорска конкуренција помеѓу екипите на Бадел 1862 и Вардар...

 

Во спортската сала „Независна Македонија“, со почеток од 19.20 часот, во рамките од 13. коло во Првата лига силите ќе ги одмерат двете најдобри екипи во овој момент на табелата, Бадел 1862 и Вардар.

Овој дуел актуелниот бранител на титулата, екипата на Вардар го дочекува со една победа предност во однос на главниот конкурент за освојување на новиот пехар наменет за најдобрата екипа во Македонија.

Инаку, веќе се одигра и еден меч од 14. коло во кој екипата на Баскет КАМ како гостин го совлада тимот на Шкупи со убедливи (55:34), и со ефект (11-3), се проби во горниот дел на табелата во Првата лига.

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

ЗАОСТАНАТ НАТПРЕВАР 13. КОЛО

ДЕНЕСКА:

19.20: Бадел 1862 – Вардар

Сала „Независна Македонија“ - Скопје

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 14. КОЛО

Шкупи – Баскет КАМ       34:55

НЕДЕЛА:

11.15: Пантери – Трокал

Сала „Кочо Рацин“ – Скопје

13.00: Гостивар – МЗТ Скопје Аеродром

Сала „Младост“ - Гостивар

15.15: Вардар – Патриот 2016

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

16.30: Струга 2009 – Бадел 1862

Сала „Нико Нестор“ – Струга

07.03: Крива Паланка – Пробаскет Академија