Она што го издвојува Александар Тодоров како тренер е дека во некои работи успеал да биде прв...
На пример, во 2012 година Тодоров прв ја донесе шампионската титула за МЗТ Скопје во „Јане Сандански“.
Три години пред тој историски успех со клубот од Аеродром во 2009 година, стана првиот македонски тренер кој стигнал до меѓународен успех – победничкиот трофеј во Балканската лига.
Александар Тодоров кариерата ја почна во далечната 1996 година, во скопска Алумина. Потоа работеше во МЗТ Скопје. Во Аеродром се враќаше во неколку наврати. А последниот пат во текот на предминатата сезона.
Бил тренер и во екипите на Куманово, Вардар, Тоа сум јас, Чукурова, Рилски спортист, Балкан Ботевград, Динамо Букурешт, Пеќ и Левски Софија.
Во текот на февруари, наредната, 2020 година, Тодоров ќе го има и првиот сериозен испит во новата, селекторска улога.
Во февруарскиот „прозорец“ на ФИБА нѐ чекаат два квалификациски меча. Прво, на 20. февруари, со репрезентацијата на Естонија против која играме на домашен терен, а три дена подоцна, на 23.февруари, со Русија на гостински паркет во Перм.
Историски гледано, Александар Тодоров е десетиот домашен предводник на националниот сениорски тим
Пред него во таа улога беа уште:
Александар Књазев
Стерија Андоновски
Благоја Георгиевски-Буштур
Лазар Лечиќ
Заре Марковски
Марин Докузовски
Јорданчо Давитков
Марјан Лазовски
Марјан Србиноски.
Со забелешка дека Македонската сениорска репрезентација во својата богата историја имала и четворица странски тренери-селектори:
Јовица Арсиќ
Александар Џикиќ
Драган Раца
Алеш Пипан
КОЈ Е АЛЕКСАНДАР ТОДОРОВ
ПЕРСОНАЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Роден: 17.јули, 1973 година во Скопје
ТРЕНЕРСКА КАРИЕРА
1996–2000 Алумина-Скопје
2000–2001 МЗТ Скопје
2001–2002 Куманово
2002–2003 Вардар-Скопје
2004–2005 ФОН Универзитет-Струга
2005–2006 Тоа сум јас - Скопје
2006–2007 Чукурова Универзитет-Турција
2007 - МЗТ Скопје
2008–2011 Рилски Спортист-Бугарија
2011–2012 МЗТ Скопје
2012–2015 Балкан Ботевград-Бугарија
2015–2016 Динамо Букурешт-Романија
2016–2017 Пеќ-Косово
2017 - МЗТ Скопје
2018 - Левски Софија-Бугарија
2018– Крајова–Романија