Екипата од „Градски парк“ ја оправда улогата на фаворит, и го победи вториот тим на МЗТ Скопје
МЗТ СКОПЈЕ УНИБАНКА – РАБОТНИЧКИ 72:89
(13-23; 23-19; 15-23; 21-24)
Кошаркарите на Работнички стигнаа до уште една, би се рекло, очекувана победа. Беа подобри од „вториот тим“ на МЗТ Скопје.
Славеа со сигурни (89:72), па сега нивната победничка серија е со траење од три недели (натпревари).
Гостите од „Градски парк“ уште во првиот период изградија предност од десет поени (23:13). Но младите домашни кошаркари не сакаа да се предаваат. Во продолжението симнаа скоро половина од таа двоцифрена негатива. И на полувремето имаа и тоа како прифатливи -6 (36:42).
Сепак, уште една добро одиграна четвртина, онаа третата, ги поставија работите на своето место.Поведоа и со (65:51ё0. А кога по две и пол минбути од играта во последната четвртина дојдоа и на уште поубедливи (72:54),
И тука кошаркарите на Работники како да помислија дека е крајот. Ама имаше да се одиграат уште цели седум и кусур минути.
Минути на враќање на момчињата во „сино-белаё3 комбинација. И тоа какво, во само три минути прават серија од (14-2) со кој сериозно се заканија, дојдоа до -6 (68:74).
Но Работнички го имаше расположениот Лесколт, кој со пет поени по ред, донесе мир (79:70). А двете последувателни тројки на Николовски и на Главчев, потврда на триумфот број 7 за најтрофејниот кошаркарски клуб кај нас.
Најмногу поради одличниот ефект на Лесколт, изразен преку 26.поени, 5 скока и исто толку додавања, оној на Бенџамин Двејн од 18.поени, пет скока и четири асистенции, како и дабл-дабл скорот на Мијатовиќ од 11. поени и 10. скока.
Милевски даде 17, Тодоровски 16, а Исајлоски уште 13.поени за МЗТ Скопје Унибанка, тим кој ќе мора да почека нова шанса за прва победа во друштвото на најдобрите.