15.07.2021

Актуелната македонска репрезентативка настапи на женскиот НБА Ол стар во Лас Вегас

Девана Бонер – македонски претставник на „Собирот на сите ѕвезди“ во WNBA лигата

ФОТО: Девана Бонер (24) беше дел од спектаклот во Лас Вегас

Ноќеска во Лас Вегас се одржа 17. издание на ВНБА Ол старот, на кој по четврти пат во својата кариера играше и македонската репрезентативка Девана Бонер.

За разлика од претходните години, поради претстојниот настап на Олимписките игри, едната екипа ја сочинуваше женската американска репрезентација која ќе игра во Токио, а другата беше селекција од WNBA лигата.

Победи селектираниот тим во кој беше и Бонер со резултат (93:85).

За 26 минути на теренот, македонската репрезентативка постигна шест поени, а имаше и четири скока и една асистенција.