09.04.2021

Како играч на екипата-организатор на завршниот турнир – Атомерому Шексзард

Девана Бонер го напаѓа пехарот во ФИБА ЕвроКупот

Девана Бонер ќе биде македонскиот претставник на завршниот турнир од ФИБА Еврокупот кој денеска стартува во унгарскиот град – Шексзард.

Американката со македонски пасош во меѓувреме ја смени клупската униформа. Одлучи играњето во израелската Елитцур Рамла да го замени со она во овој унгарски прволигаш кој патем речено, ја доби довербата на ФИБА да биде организатор на завршниот турнир во ова натпреварување.

Согласно со резултатите во групната фаза, во денешното полуфинале, кое стартува од 17.часот, а противник им е екипата на Рејер Венеција.

Во второто полуфинале, од 20. часот, ќе играат екипите на Кароло Баскет и Валенсија.