Кошаркарките на Мерсин не успеаја да запишат макар една победа на финалниот турнир од ФИБА Евро Купот во женска конкуренција. По поразот во полуфиналето од Рејер Венеција, Девана Бонер и нејзините колешки го загубија и натпреварот за третото место на турнирот во Бурж.
Во турската пресметка подобра од нивната беше екипата на Галатасарај која прослави победа од (75:67).
Мала утеха за нашата репрезентативка беше фактот дека заврши како најефикасен играч на двете страни од теренот. Одигра 37:36 минути во кои реализираше 22.поени (2/3 за три, 6/14 за два и 4/4 за еден поен). А освен тоа имаше и 13. скока, по една асистенција и освоена топка, како и четири загубени, за индекс 24, најмногу во поразената екипа.
Инаку, нов освојувач на Евро Купот е екипата на Танго Бурж која во финалето, со помош на својата публика, ја декласираше Рејер Венеција (74:38).