22.01.2021

Одлични вести за стручниот штаб на нашиот женски национален тим

Девана Бонер во топ-форма пред „балонот“ во Рига (ФОТО+ВИДЕО)

Девана Бонер брзо се „најде“ себеси во новата играчка средина, односно екипата на Елитцур Рамла.

Американката со македонски пасош ги одигра првите „европски“ натпревари со израелската екипа. И тоа во „балонот“ кој деновиве се игра во Турција.

Во Анкара, Елитцур Рамла се натпреварува во ФИБА Еврокупот, а на премиерниот меч од групата „Б“, составот од Израел лесно го совлада унгарскиот Алуинвент Мишколц со (80:61).

Македонската репрезентативка реализираше 16.поени (0/2 за три, 7/12 за два и 2/4 за еден поен), осум скока, четири асистенции и по една освоена односно загубена топка за 35.минути во игра.

На вториот ден од турнирот во главниот град на Турција, Бонер и колешките стигнаа до уште поубедлив триумф. Во дуелот со турскиот претставник Орман Генчлер славеа со (97:63).

А нашиот главен адут во квалификациите, прикажа уште подобра игра. Одигра 35.минути на овој меч. Притоа реализираше 25.поени, со висок процент на реализација. Имаше (1/3 за три и 9/12 за два, и 2/3 за еден поен). Додаде и седум скока и три асистенции.