Македонската кошарка пред точно девет години на Евробаскетот кој се одржа во Литванија ја оствари најголемата победа во историјата
Репрезентацијата на Македонија во преполната „Жалгирис арена“ во Каунас со минимални (67:65) го совлада големиот фаворит, селекцијата на домаќинот – Литванија.
Вистински херој на ова четвртфинале беше Владо Илиевски кој со една неверојатна тројка на 11.3 секунди пред крајот го најави големиот триумф и историското славје за нашата репрезентативна кошарка.
По мечот, Илиевски во неверување го извика легендарното „Леле, леле, што направивме“...
Убави спомени од едно, уште поубаво време...