07.12.2019

ДЕВЕТТО КОЛО ОД ПРВАТА ЛИГА-МАЖИ: „Пантерите“ се препотија, ама ги победија младите „металци“

Во Кисела Вода, македонско-американска комбинација, доволна за триумф на Академија ФМП против вториот тим на МЗТ Скопје (84:79), шампионот го „скрши“ Вардар во второто полувреме (97:80).

 

АКАДЕМИЈА ФМП – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА       84:79

(23-18; 19-27; 23-21; 19-13)

Првото полувреме помина во знакот на последните два натпревари кои ги одиграа новите прволигаши во второлигашката конкуренција.

Со подобра игра, и исто таква реализација на МЗТ Скопје Унибанка. Освен во оние уводни минути кога Академија ФМП направи серија од (8-0) за водство од (16:10), младите кошаркари од Аеродром немаа никаква намера да се повлечат.

Напротив...

Откако Исајловски врза две тројки, следуваше комплетниот пресврт. Навистина домаќинот водеше на истекот на првата четвртина (23:18) но сосема поразлично беше во втората.

Мамузиќ имаше свои поентерски минути, погоди и четири тројки. со помош на упорните Кацарски и Тодоровски, МЗТ Скопје Унибанка дојде и до највисоките (41:32)., Доволно да бизе запален алармот во домашниот табор.

Донекаде, успешен се покажа тајм аутот на Игор Гацов, па во оние преостанати три и пол минути до одморот, Нацевски и пред се Харис (заедно 28.поени во тој дел од играта) ја вратија разликата на поднослива (42:45).


Мамузиќ продолжи да ја тормози одбраната на домашните и во третата четвртина делуваше незапирливо, иако потегот на вечерта го имаше Максим Митевски, кој спектакуларно заби за гостински плус 10 (59:49).

Но како и во претходната четвртина, она што тешко го постигнаа, МЗТ Скопје Уни Банка лесно го потроши. Во вториот дел од четвртината, Академија ФМП ја избриша негативата, останаа само еден поен зад противникот (65:66).

Најава за возбудлив финиш.  

Серијата (9-2) го донесе домаќинот во добитна комбинација, односно позитива од шест поени (74:68). Но крајот беше далеку, имаше да се играат цели седум минути.

А кога веќе поведоа, домаќините не дозволија нова промена на водството. Имаа и двоцифрен плус, но на крјаот се некако си дојде на своето место.

Фаворитот победи, во најголема мерка поради одличното издание на американскиот двоец Харис-Лонг (45.поени), потпомогнат од македонскиот Нацевски-Делипетров (34.поени).  

МЗТ Скопје Уни банка испушти уште една добра прилика да дојде до првиот успех во Првата лига. Не ја наградија добрата игра на Мамузиќ (24.поени), како и поентерското отскокнување на Исајловски (16), Тодоровски и М.Митевски (по десет поени).

 

МЗТ СКОПЈЕ – ВАРДАР   97:80

(31-22; 20-24; 23-13; 23-21)

Откако по нешто повеќе од четири минути на семафорот во СЦ „Јане Сандански“ стоеше МЗТ Скопје Аеродром 15, Вардар-2, многумина од малкуте присутни гледачи помислија дека „тоа е тоа“.

Дека бранителот на титулата ќе има доста лесна задача против екипата која досега има само еден триумф.

И се прелажаа...

Како одминуваа минутите, така „вардарци“ се враќаа назад во мечот. Прво намалија на (11:17), потоа на (16:19), па (19:22), за тој прв дел од играта МЗТ Скопје Аеродром го реши во своја корист (31:22).

Иако нивниот тренер, Ѓорѓи Кочов се обиде правилно да ја подели минутажата и да им даде „активен одмор“ на оние кои се „потрошија“ најмногу во изминатиот период (Стојановски, Маслинко  и Хиндс), тоа не се покажа како продуктивно „за сино –белите“. Упорните гостински кошаркари ја топеа негативата, и на полувреме дојдоа до заслужени, подносливи (46:51).

Кога прваците малку притиснаа, пред се во одбраната, полека работите си доаѓаа на своето место. Во второто полувреме му дозволија на противникот да реализира 34.поени, дадоа 46, со што успешно одработија уште една задача на патот кон одбрана на пехарот. Морнар даде 22.поени, но Дамјан Стојановски беше најпродуктивниот играч на МЗТ Скопје Аеродром. За нецели 20.минути капитенот уфрли 18. поено, еден повеќе од Харис. Радуловиќ финишираше со 14, а Крстевски со 11 поени.

Па така во втор план опстана блесокот на Ајуда Невеш кој заврши со 34. реализации, девет скока и две асистенции.