18.01.2022

Но и покрај тоа, извесно е дека со игрите, девојките заслужија и повисок рејтинг од актуелниот...

Девојките со четири чекори напред, следно на ред се победите

Според последната табела на ФИБА за 2021 година, со вкупно 82,1 поени, Македонија е рангирана на 37 место во онаа европска зона, односно на 75. позиција во светскиот поредок кој го прави ФИБА.

Но и покрај тоа, извесно е дека девојките заслужија далеку повисок рејтинг во однос на последното рангирање на Светската кошаркарска федерација.

Нашата женска сениорска репрезентација имаше две добри игри, против БиХ и Германија, кои за жал не беа валоризирани со макар една пообеда во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2023 година.

А тоа, во крајна смисла носи и еден друг, би се рекло, повеќе од мотивациски момент. Односно  „скок“ од четири позиции напред, по што календарската година која е зад нас и дефинитивно може да се оквалификува како успешна за нашата женска репрезентација.

Анализата на игрите покажува дека евидентна е разликата, но и тоа дека настапите во WABA лигата на екипите на Бадел 1862 и на Баскет Кам 2011 донесоа уште подобри моменти. Не само за двата наши претставници во тие силни натпреварувања, туку во голема мерка и во женскиот национален сениорски состав.

Промената во Регистрацискиот правилник со кој се дозволува настап на странски играчи, придонесе за уште поголем квалитет во женската елитна лига, кој се ‘прошири’ и во другите клубови, што дефинитивно е ветувачки момент во женската клупска кошарка.

Идејата е таа, освен Баскет Кам 2011 и Бадел 1862, да имаме и други клубови кои ќе се вклучат во системот кој ќе треба да произведе и други кои во иднина ќе го следат нивниот пример, и ќе се пробаат и надвор од границите на нашата земја.

Овие два клуба треба да бидат пример на функционирање и за другите. А тоа федерацијата го овозможи со една битна измена во системот за натпреварување.

Односно освен осумте најдобри од минатата сезона, кои се дел од Групата „А“, имаме и уште девет други клубови кои ја зголемуваат конкуренцијата, а во исто време имаат шанса преку натпреварите во групата „Б“ да преминат во она најквалитетно натпреварување.

Нова година, година на големи очекувања!