Да ги преземеме работите во свои раце и да излеземе од првата минута на теренот - е пораката која денеска на првиот собир им ја пренесе Ненад Димитријевиќ на претставниците на медиумите.
Репрезентативецот, како и секогаш, желен за победа алудираше на адутите кои ги има противничкиот табор, но напомена дека наши9от состав ќе бие подготвен да одговори соодветно на нивната физички напорна игра.
„Па да како што кажав, Естонија се незгодна екипа. И минатите квалификации имавме проблеми со нив, но мислам дека имаме доста квалитети, во некој налет да направиме успех и да направиме изненадување на нивниот терен. Мислам дека сме подготвени и едвај чекам да дојде денот на натпреварот. Мислам дека двајцата (со Ти Џеј Шортс) сме добри играчи и дека може за два три дена да се навикнеме еден на друг и да направиме да функционира оваа врска за успех на репрезентацијата, што е најважно. Мислам дека до натпреварот со Естонија ќе бидеме подготвени. Прво мислам дека треба да бидеме пофизички подготвени. Кошарката оди во тој правец, Естонија покажа дека е доста физичка екипа, што сака да трча и имаат играчи на секоја позиција, дури и евролигашки играчи. Треба да бидеме подготвени за нивната енергија и нивната физикалност и да одговориме на тоа. Мислам дека тоа е најважно. Треба да одиме со помисла дека треба да победиме, не да чекаме што ќе се случи. Треба да излеземе од прва минута за победа.“ - заклучи Димитријевиќ.