24.11.2024

„Дадов 43. поени, тоа е добро, но не значи ништо кога го загубивме натпреварот“ - констатира маестралниот бек на нашиот национален тим

Димитријевиќ: „Добро сум, но бадијала моите поени кога не победивме“!

Неверојатна партија имаше вечерва Ненад Димитријевиќ на паркетот во Арената „Швитурио“ во Клаипеда. Застана, до несреќната повреда во 34.минута од играта, на 43 поени на гостувањето против Литванија, а оние последни шест се покажаа како пресудни за домаќинот да стигне и до преубедлив триумф кој скоро го води на ЕП

„Ова беше битка, мислам дека одигравме многу добро прво полувреме. Во второто полувреме имавме многу повеќе проблеми со контрола на скокот, знаеја како да го искористат тоа. Беа подобри во второто полувреме и заслужено славеа. Ние се боревме 40 минути и дадовме се од себе, му честитаме на противникот. Дадов 43. поени, тоа е добро, но не значи ништо кога го загубивме натпреварот. Што се однесува до повредата, мислам дека беше само силен грч и дека се ќе биде во ред набрзо“-  изјави Димитријевиќ по натпреварот.