24.02.2021

А Џејкоб Вајли заврши како втор кај блокерите и шести на листата на најдобрите скокачи...

Димитријевиќ е осми стрелец, и деветти асистент во квалификациите

Ненад Димитријевиќ, еден од нашите најдобри играчи на турнирот во Перм, стигна до просек од 18.4 поени по натпревар. На крајот на трката тоа е доволно да биде рангиран на осмата позиција на најдобрите стрелци.

Листа на која бројот 1 му припадна на Габриел Лундберг од Данска, кој заврши со просек од 25.3 поени, пред Тед Мекфејден, натурализираниот Американец кој игра за Грузија (22.3) и неговиот сонародник, кој настапува за Полска, А.Џ. Слотер со 20.5 поени по меч.

На оваа листа, како 14. фигурира и Џејкоб Вајли, со просечни 16.реализации по натпревар.

Младиот бек, кој вчера го прослави 23.роденден, е рангиран на деветтото место во категоријата на најдобри додавачи во овие квалификации.

На пет средби (не играше само на првото гостување во Перм, против Русија), младиот бек на нашиот национален тим има 28. асистенции. Или просек од 5.6 додавања по натпревар.

Прв во оваа категорија е Израелецот Тамир Блат со просени 8.2 асистенции, пред Џонатан Казади (Швајцарија), кој има 8.0, и Марко Спису од Италија со 7.7 точни пасови.

Освен Димитријевиќ, на листите на најдобрите во овој квалификациски циклус фигурира и името на Џејкоб Вајли,

Нашиот нов играч во националниот тим, на оние четири средба во Перм собра 41.скока. Односно просечни 7.5 скока, кои го прават снажниот Американец шестти скокач во ова натпреварување.

Лидер во оваа категорија е Георги Шермандини од Грузија со просечни 10.3 скока, пред Емануел Кате (Романија) со 10, и Емир Сулејмановиќ (БиХ) со 8.8 скока по меч.

Своите одлични игри во „балонот“ во Перм, Вајли ги надгради и со одличната игра во одбраната. Нашиот силен адут и за наредниот циклус, е второрангиран кај најдобрите блокери во квалификациите.

Има девет блокади на четири средби, просек од 2.3. А подобар ефект од неговиот има само Гркот Василис Кавадас со 2.8 блокади по натпревар.

Вајли е втор и во процентот на реализација во ударите вредни по два поени. Нашиот репрезентативец погодувал со 73% на успешност, а подобар процент од неговиот има само Босанецот Кенан Камењаш - 75.7%.