За десет минути во првото полувреме во кое домашната екипа имаше двоцифрен плус (52:41), Димитријевиќ реализираше два поени, и по еден скок и асистенција.
Бекот на Хувентуд не погоди ниту еден од трите обиди вредни по три поени.
Во четвртиот и решавачки период од играта, со осум поени во серија (две тројки), македонскиот репрезентативец го одби нападот на гостите од Билбао. Ја врати таа предност на страна на „црно-зелените“ (76:68), кои тоа водство го претворија ов конечен триумф од (88:81).
На крајот од играта, за 17:38 минути во игра, нашиот интернационалец дојде до десет поени (2/5 за три, 1/3 за два и 2/2 за еден поен), и по два скока и исто толку асистенции.
По пет одиграни кола Хувентуд има одличен скор, четири победи и еден пораз (од Реал Мадрид).