Кошаркарите на Хувентуд стигнаа до првата победа во периодот на подготовките за новата сезона.
Во натпреварот за третото место на турнирот „Лига на Каталонија“, Ненад Димитријевиќ и соиграчите беа подобри од екипата на Манреса. Славеа со убедливи (93:79), доволно за „бронзата“ на турнирот кој се одигрува во салата „Блауграна“ под домаќинство на Барселона.
Своите три поени, македонскиот репрезентативец ги постигна во последната четвртина (1/3 за три и 0/2 за два поени). Освен тоа Димитријевиќ имаше двојно повеќе додавања - шест, плус и два скока за 23:39 минути поминати во игра.
Вечерва, (од 21.30) часот, за првото место ќе играат Барселона и МораБанк Андора.