16.07.2020 Нашиот репрезентативец веќе го имаше и третиот најдобар потег во „Ендеса“ лигата Сезоната исполнета со многу убави моменти, Ненад Димитријeвиќ ја заокружи и со уште едно, би го нарекле, мини признание. Го доби од неговиот клуб, од Хувентуд, а тоа влезе во изборот за најдобрата тројка која ја реализирал еден играч во „зелено-црна“ комбинација на дресот за сезоната 2019/2020. Трите поени кои Димитријевиќ ги запиша на дуелот со Тенерифе, е оценет како најдобар потег во ТОП 5 од изборот на Хувентуд по завршетокот на оваа сезона.