Ненад Димитријевиќ имаше уште еден одличен настап во „Ендеса“ лигата, но за жал, овојпат не беше доволно за Хувентуд да слави победа.
На тешкото гостување кај Сан Пабло Бургос, „зелено-црните“ загубија со (78:86) и се многу подалеку од позицијата број 6 во финишот од сезоната која носи полесен ривал од првопласираните два во лигата, Реал Мадрид и Барселона.
Македонскиот репрезентативец одигра 30:30 минути. И како стартер во гостинската екипа дојде до ефект од 16.поени (1/3 за три, 5/8 за два и3/4 за едне поен, како и пет асистенции и три скока, односно исто толку освоени и загубени топки.
По 31.коло, и скор (16-13), Хувентуд останува на седмото место. Сега со две победи помалку во однос на Сан Пабло Бургос и Валенсија кои го делат петтото место.