Разочарување како и секогаш, кога ќе се загуби еден меч, особено во европски рамки постои. Но и во таборот на нашата женска младинска селекција се свесни за моменталните можности на тимот кој нè претставува на ФИБА „Челенџер“ турнирот во Скопје.
И првиот меч, против Луксембург, кој го загубивме, н и наредните, треба да се подготовка за наредните репрезентативни активности на оваа селекција, вели селекторот Саша Димитријевиќ.
„Продолжуваме понатаму, јас овој турнир го гледам како подготовка за следното ЕП, пробуваме да корегираме некој работи, да смениме некои стари навики, и некој нивни стари размислувања. Колку ќе успееме во тоа ќе покаже времето“- смета селекторот.
Околу првиот меч и она што следува на турнирот, Димитријевиќ додава:
„Вчера одигравме добро, можам да кажам, некои 25 минути. Денеска ќе се обидеме да го зголемиме бројот на добри минути, но и да намалиме од техничките грешки кои вчера беа многу. Романија е фаворит не само на нашиот натпревар туку и на целиот турнир. Вчера беа слободни, и немавме можност да ги гледаме“.
Фокусот останува на нашите игри, вели Димитријевиќ.
„Ние се фокусираме на нас, да го дадеме максимумот, а секој натпревар од овој турнир го гледаме како можност за ново искуство и напредок“.
Мечот против селекцијата на Романија е закажан за 21.часот, се игра во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.