Ненад Димитријевиќ е повторно во акција, поточно, во ростерот на Хувентуд.
Македонскиот интернационалец ги одигра своите први минути откако во изминатиот период беше во карантин, а неговиот ПЦР тест се покажа како позитивен на корона вирусот.
На вечерашниот натпревар од 13. коло на „Ендеса“ лигата, во Бадалона гостуваше екипата на Сарагоса, која по првите 20.минути имаше предност од пет поени (44:39).
На крајот, по неколку резултатски пресврти, победата остана за „зелено-црните“ (88:81).
Димитријевиќ одигра скоро 19. минути, во кои дојде до ефект од пет поени (1/5 шут од игра, 3/4 од линијата за слободни фрлања) и четири асистенции. Вклучително и двете слободни фрлања на 11. секунди пред крајот со кои беше обезбедена победата.
Ова беше 11. меч во сезоната за Хувентуд во најдобрата шпанска лига, и осма победа (со три порази).