По двонеделна пауза која беше условена со повредата на задната ложа и прележаниот вирус, нашиот млад репрезентативец им се врати на клупските обврски. Во победата против Уникаха (101:86), реализираше 12. поени и 5. асистенции...
Вечерва Нено се појави во дресот на Хувентуд на дуелот од Еврокупот против Уникаха...Последен од ТОП 16 фазата на ова натпреварување на кој пред својата публика во Бадалона, „зелено-црните“ стигнаа до победа од (101:86).
Со оглед на не баш краткиот прекин во играњето во оној февруарски „прозорец“ од квалификациите, по нецели две седмици, Димитријевиќ доби доста „простор“ во шпанската пресметка. И притоа реализираше ефект од 12. поени (0/2 за три, 3/4 за два и 6/8 за еден поен), како и пет успешни додавaња, еден скок, три загубени топки.
Сето тоа за 21:02 минути во игра во овој шести меч од групната ТОП 16 фаза, по кој Хувентуд кој имаше одлична последна четвртина (ја добија со убедливи 34:16), го заврши својот настап во Европа. И тоа со половичен ефект од три победи и исто толку порази, па во оној последен дел од сезоната комплетно ќе им се посветат на обврските кои со себе ги носи играњето во АЦБ лигата, каде засега се на 12.место на табелата.
Со скор (4-2), понатаму од оваа „Х“ група, одат екипите на Тофаш и на Уникаха.