02.06.2025 Силното крило на МЗТ Скопје имаше најконстантни игри, и најголем број на индексни поени на оние четири натпревари од финалната серија Иако имаше конкуренција во неколку свои соиграчи, кошаркарот на МЗТ Скопје Аеродром, Дион Едвин,стигна до признанието за најкорисен играч во финалната серија на плеј-офот. Би се рекло заслужено, ако се земе в предвид дека силното крило имаше најконстантни игри, и најголем број на индексни поени во текот на оние четири натпревари од финалната серија. На три од нив, имаше и тоа каков импакт во конечниот исход, со тоа и од финалето на плеј-офот по кое неговиот клуб ја освои и 12. шампионска титула во својата историја.