23.11.2020 На аеродромот во Франкфурт, Вајли се запозна со останатиот дел од националната селекција Капитенот Војдан Стојановски и се приклучи на нашата репрезентативна селекција на аеродромот во Софија, а некој час подоцна, но на друга локација, во Франкфурт, истото го стори и новиот македонски адут – Џејкоб Вајли. Снажното американско крило кој пред извесно доби македонско државјанство и се стекна со право на настап за нашата најдобра селекција, имаше дури два прелета. Првиот од Лас Палмас до Мадрид, а потоа од Мадрид до Франкфурт. Го чека оној последниот до крајната дестинација – Талин. „Добредојде“ меѓу националите на играчот на Гран Канарија му посака генералниот секретар на нашата федерација, Владимир Георгиевски