01.02.2022

Македонскиот репрезентативец ќе биде играч на екипата од Севиља до крајот на сезоната

Џејкоб Вајли го одбра Реал Бетис

Шпанскиот прволигаш Реал Бетис го промовираше своето најново засилување, македонскиот репрезентативец Џејкоб Вајли.

Со потписот на договорот кој важи до крајот на оваа сезона, силното крило кој се враќа во АЦБ-лигата, каде што играше претходно, за екипите на Сарагоса и Гран Канарија.

По настапите за македонската репрезентација во ноемврискиот „прозорец“, Вајли реши да ја напушти екипата на Будуќност од Подгорица, и денеска го официјализираше договорот со „берберите“ од Севиља пред кои е голема битка за опстанок во друштвото на најдобрите клубови во Шпанија.

„ Ова е одличен тим, кој има многу талент. Соработував со тренерот и претходно, а тој е одличен човек. Се чувствувам добро и возбуден сум. Екипата беше лоша на почетокот на сезоната, но сметам дека може да направиме пресврт. Мојата улога во екипата ќе биде да внесам енергија, па ќе видиме што ќе се случи“ – изјави актуелниот македонски репрезентативец на промоцијата во „зелено-белиот“ дрес на Реал Бетис.