26.11.2021

„Очекувам да извлечеме поука од овој натпревар пред оној против Украина“- коментира силното крило по поразот од „фуријата“

Џејкоб Вајли: „Горд сум на соиграчите, особено на младите, кои се покажаа на теренот“

Џејкоб Вајли имаше уште еден сосема солиден натпревар за Македонија. Особено тоа се однесува на првото полувреме во кое држеше активен резултат.

„Очигледно, Шпанија е добар состав. Нашата цел беше да се покажеме во добро светло, но им симнувам капа на силата која ја прикажаа. Горд сум на соиграчите, особено на младите играчи кои се покажаа денеска на теренот. Очекувам да извлечеме поука од овој натпревар пред оној против Украина во понеделник во Киев“.