05.05.2021

Во четвртфиналето шпанскиот тим ќе се сретне со домаќинот на овој собир на осумте најдобри, Нижњи Новогород

Џејкоб Вајли и Сарагоса го напаѓаат трофејот во ФИБА Лигата на шампионите

Македонскиот репрезентативец Џејкоб Вајли со својата Каседомонт Сарагоса од денеска ќе учествува на завршниот турнир од најсилното натпреварување во организација на ФИБА што во периодот од 5. до 9. мај ќе се одржи во Нижњи Новгород.

 

 

Во четвртфиналето шпанскиот тим ќе се сретне со домаќинот на овој собир на осумте најдобри, Нижњи Новогород, што и не е баш добра вест за Вајли и соиграчите.

Но Касадемонт  Сарагоса е во одлична форма во последниот период, а истото важи и за напиот репрезентативец кој е меѓу најдобрите во тимот на новито тренер Луис Касимиро.

Токму со натпреварот меѓу овие две екипи, вечерва од 18 часот, почнува завршниот турнир во овој руски град.

Од 20.30 часот се среќаваат Нимбурк и Пинар Каршијака, додека утре играат Тенерифе-Стразбур и Хапоел Холон-Бургос.

Ако успее да се пласира во полуфиналето, Касадемонт Сарагоса вкрстува со подобриот од дуелот меѓу Нимбурк и Пинар Каршијака.