26.02.2021

Во новиот клуб ќе го носи омилениот број „24“

Џејкоб Вајли претставен како големо засилување на Касадемонт Сарагоса

Македонскиот репрезентативец официјално се врати во шпанското првенство и сезоната ќе ја доигра како позајмен играч од Гран Канарија во Сарагоса.

За тимот од Канарските острови, Џејкоб Вајли одигра 18 натпревари со просек од 10.2 поенi и 4.6 скока.

Но оваа сезона силното крило на нашиот национален тим ќе ја доигра како играч на Касадемонт Сарагоса. Откако имаше одлични настапи за нашиот национален тим на квалификациски турнир во Перм, каде беше еден од најдобрите во составот кој го одбра селекторот Александар Тодоров. На четирите среди во „балонот“ во Перм, Американецот со македонски пасош имаше просек од 16.поени, 7.5 скока и 13 асистенциии.