17.11.2021

Одлична шутерска вечер за репрезентативното крило против Цедевита Олимпија

Џејкоб Вајли во се подобра форма пред ноемврискиот ФИБА „прозорец“

Mакедонскиот репрезентативец Џејкоб Вајли одигра извонреден натпревар против Цедевита Олимпија во Еврокупот и беше еден од најзаслужните за убедливата победа на Будуќност против тимот од Љубљана, (91:60).

Нашиот репрезентативен крилен центар за помалку од 24. минути, реализираше 15 поени, со само еден нереализиран обид од поле (3/4 за три и 3/3 за два поени) и шест скока за индекс 22, втор највисок на натпреварот.