18.02.2021

„Имаме уште три натпревари и мораме што побрзо да се насочиме кон нив“ - вели Американецот кој беше блиску до дабл-дабл ефект

Џејкоб Вајли:„Горд сум на тоа како се однесувавме во дуел со еден голем ривал“

Џејкоб Вајли беше еден од носителите на играта на нашиот национален тим на дуелот со Италија кој го загибовме во финишот (84:92).

„Се боревме жестоко во текот на целиот натпревар. Имавме неколку фантастични серии, но и падови во играта. Сепак, горд сум на тоа како се однесувавме во дуел со еден голем ривал, имаме уште три натпревари и мораме што побрзо да се насочиме кон нив“

„Секогаш кога ќе се промашат слободни фрлања е лошо за тимот. Но, мислам дека денеска имавме малку поголеми проблеми, особено во одбраната каде дозволивме неколку лесни поени од транзиција и од отворени позиции за тројка и на нив треба да насочиме повеќе внимание во иднина“- кажа Американецот со македонски пасош на пресот по средбата во „Молот“ Арената во Перм.