Стартерот во нашата селекција на прес-конференцијата по натпреварот, кажа дека добро биле подготвени за овој втор меч против Италија:
„Одличен одговор во однос на претходниот меч со Италија и двата пораза во Перм. Противникот има одлични шутери, одличен тренер, ги знаевме тие работи, но се вративме во второто полувреме, подобро комунициравме меѓу себе, стигнувавме во одбраната и тоа донесе резултат.
Македонија има прекрасна група кошаркари кои сакаат да играат заедно и врвен стручен штаб кој одлично ни ги подготвува натпреварите. Сите добро знаеме што треба да правиме на теренот. Не е важно што немавме многу време заедно да тренираме, секој го прави она што му е задача и тоа придонесува за подобрување на атмосферата“ - потенцираше одличниот Американец, кој го одигра својот трет меч за нашиот национален тим.
Утре, него и соиграчите ги чека и најважниот во овие квалификации - оној против селекцијата на Естонија, закажан за 15.часот