17.07.2020 Некогашниот македонски репрезентативец ја напушта Русија и ќе бара нов ангажман Поранешниот македонски репрезентативец Џордан Теодор, во следната сезона нема да го носи дресот на Уникс од Казан. Американецот со македонски пасош, нема да ја продолжи сорабoтката со рускиот клуб каде дојде во текот на ланската сезона, која ја започна како играч на Бешикташ. Теодор имаше просек од 10.3 поени, 4.5 скока и 7.7 асистенции во натпреварите од ВТБ лигата, и 8.7 поени, 2.2 скока и 4.8 асистенции во рамките на Еврокупот. Најавите се дека екс-репрезентативецот на Македонија кариерата ќе ја продолжи во Турција. И тоа како играч на амбициозниот Бахчешехир кој ќе настапува во Еврокупот.