04.05.2019 Вторпат во текот на оваа натпреварувачка сезона еден кошаркар се здоби со признанието за најкорисен играч на колото во машката Супер лига. Станува збор за Џозеф Фустингер, кошаркарот на Гостивар. Тој за својот тим реализира 27 поени, девет скока и две асистенции за време на 32 минути поминати на паркетот кои му дадоа исто толку индекс поени на ефкасност. Во натпреварот од четвртото коло, Гостивар загуби од МЗТ Скопје Аеродром со 95-91 додека Блокотехна славеше против Работнички со 63-82. Кожув запиша службена победа од 20-0 против Куманово кои беа суспендирани едно коло поради доспеани финансиски долгови кон МКФ. Во Плејаут лигата Фени Индустри убедливо славеше против Пелистер со 74-48, а колото го комплетира Вардар со победа на гости кај АВ Охрид со 70-73.