22.11.2021

Прес-конференцијата ќе се одржи на 24.ноември, од 12.часот, во прес-салата на Спортскиот Центар „Јане Сандански“ во Скопје

До средствата за јавно информирање

Во врска со одржувањето на натпреварите од квалификациите за Светскиот Куп 2023 година во машка конкуренција, Македонската кошаркарска федерација испраќа покана за присуство на прес-конференција, и повик за подигнување на одобрените акредитации заинтересираните претставници на медиумите кои испратиле барање за новинарска акредитација, заклучно со предвидениот термин од страна на ФИБА.

Собирот со претставниците на медиумите ќе се одржи на 24.ноември (среда), во салата за прес-конференции  на Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, со почеток во 12. часот.

Натпреварот Македонија – Шпанија ќе се одржи на 26. ноември (петок), 2021 година, во салата на Спортскиот Центар „Јане Сандански“ во Скопје со почеток од 19.30 часот, а ќе биде пренесуван на програмата на Спорт Клуб.