Водевме во најголеме дел од мечот. Лошите минути беа во третиот период од играта. Но не го испуштавме водство, беше постојано. Доволно за првиот плус во „тетратката“ на селекторот Тон Симиќ во средишниот дел од подготовките за настап на ФИБА „Челенџерот“ во Унгарија.
МАКЕДОНИЈА У20 – УКРАИНА У20 76:67
Одлично прво полоувреме одиграа избраниците на селекторот Тони Симиж. Го диктираа темпото на играта буквално од самиот почеток на оваа втора, за нив, меѓународна проверка, во текот на подготвителниот период.
Го добивме првиот дел со минимални (17:15), но затоа пак уште полесно почнаа да играат нашите млади кошаркари во вториот период. До крајот на полувремето, стигнавме и до двоцифрено водство (40:29).
По одморот, многу подобра игра на украинските младинци. Ако во првите 20.минути дадоа само 29. поени, во третиот период од играта, Украина реализираше дури 26.поени, со кои се врати во игра за победа на овој контролен натпревар.
На влезот на последната четвртина Македонија имаше само три поени позитива (57:54). Како најава за интересна завршница на мечот во СРЦ „Кале“. Но со парцијални (12-5) се одвоивме на (69:60) како што стоеше на семафорот во 35.минута. А со петте по ред поени на Зекири, бевме уште подалеку, на недостижни (74:60).
Ја одбранивте таа предност во последните четири минути од играта, за прва победа во подготвителниот период. Се чини точно навреме, да донесе дополнителен стимуланс кај нашите млади кошаркари во продолжението од подготовките.
Но време за одмор нема да имаат многу, особено ако се знае дека веќе утре, од 18.часот нашите млади кошаркари ги чека официјалниот меч против американските „Атлети во акција“. А двојната програма во СРЦ „Кале“ пак ќе ја заокружи дуелот помеѓу младинските селекции на Бугарија и на Украина, предвидена за 20.30 часот.