29.04.2017 Репрезентацијата на Република Македонија до 15 години ја запиша и втората победа на меѓународниот турнир во рамки на проектот ФИБА насловен како „Заедно до М16“. По Бугарија, втора репрезентација против која избраниците на Александар Јованчев и Мартин Атанасовски забележаа победа е репрезентацијата на Романија која воедно е и домаќин на турнирот. Тренерското дуо не е задоволно од последното издание на репрезентативците, но со зголемената минутажа се забележува растот на квалитетот на играчите. „Остваривме нова победа иако ова не беше наше најдобро издание. Добро е што 12 кошаркари добија минутажа што е и основната цел на проектот. Добро е што се зголемува конкуренцијата која очекуваме да го подигне квалитетот“ - е ставот кој го делат тренерите. Последниот натпревар за македонската репрезентација на овој турнир е закажан за утре (недела, 30. април) со почеток во 10:00 часот против соодветната репрезентација на Косово. *Фотографиите се сопственост на Алина Кокојару