05.07.2021

Македонските јуниори беа рамноправни скоро цело полувреме, но се поразени од далеку поискусните и подоминантни противници од САД (59:92)

Добро прво полувреме на јуниорите, но победата ја земаа „Атлетите во акција“

Нашата селекција „Под 18“ години одигра добри 20 минути во контролната средба против гостите од САД, но немаше сили во второто полувреме да се „врати“ во мечот, и да биде уште поконкурентна во својата прва проверка во периодот на подготовките. 

МАКЕДОНИЈА У18 – АТЛЕТИ ВО АКЦИЈА     59:92

Првите десет минути од „контролата“ во СРЦ „Кале“ поминаа во израмнета игра, иако на крајот, составот од САД обезбеди предност од (20:17).

Комбинираниот американски тим ја имаше предноста се до средишниот дел од вториот период. Дел од играта во кој на 3:26 минути пред истекот на полувремето, нашите јуниори дури и го превземаа водството.

Со серија од седум поени, поведоа со (32:31). Но во рок од две минути „Атлетите во акција“ вратија со своја серија од (11-0) за враќање на сигурното водство кое го имаа на почетокот на тој втор дел од играта, беше и двоцифрено,(42:32).

Така беше и на крајот на првото полувреме (44:34).

Четири стартери во тимот на селекторот Никола Василев, ги постигнаа најголем дел од поените во тие 20.минути. Хот и Наков имаа по осум реализации, Митревски 6, а Василевски 4.поени.

Од оние кои влегоа во игра, поени додадоа (по три) Петков и Стојковски.  

Во второто полувреме гостите од САД уште повеќе го засилија темпото во играта. За три и пол минути и серија од (13-4), го покачија водството на (57:38).

За тајм аут на селекторот Василев, кој на оваа средба во официјалниот записник стави презимиња на 14. кошаркари кои се во конкуренција за настап на ФИБА „Челенџерот“ во Скопје.

Третиот период гостинската екипа го заврши со уште поголема предност (66:45), сосема доволно да запишат уште една победа на турнејата во Македонија, после онаа синоќешната против нашиот младински состав.

 Утре од 20.часот, во СРЦ „Кале “ следува нова репрезентативна „контрола“. На теренот ќе истрча нашата селекција „Под 20“, која ќе игра против соодветната селекција на Украина.