Постојат два вида на сили во светот. Едната е силата на мечот, а другата е на пенкалото. Постои и една сила која е посилна од двете, а тоа е силата на жената.
Вечерва во хотелот Александар Палас во Скопје беа доделени првите оскари за жената во спортот во Република Македонија во организација на здружението ТАКТ.Таа е силна, инспиративна и победува - беа зборовите со кое здружението го најави гала-настанот на кој тринаесет жени во спортот добија посебни признанија за своите активности, во и надвор од теренот.
Генералниот секретар на Македонската кошаркарска федерација Моника Гаврилоска, го доби признанието за најуспешна спортска менаџерка за 2018 година додека кошаркарската легенда Стојна Вангеловска доби посебно признание за животно дело. Поранешната репрезентативка, а сега декан при Факултетот за физичко образование, спорт и здравје Ленче Алексовска-Величковска доби признание за особен придонес за борбата за еднаквост во спортот.
ПРИЗНАНИЈА
Најнадежна млада спортистка
Ана Марија Георгиевска
Најуспешна спортска новинарка Ирена Андреевска
Најуспешна судијка
Марија Илиева и Силвана Карбеска
Најуспешен тренер
Јулија Црвенковска
Најуспешен тим
ЖРК Вардар
Најуспешна организација за позитивни општествени промени преку спорт
Специјална Олимпијада на Македонија
Најуспешна спортистка во колективен спорт
Сара Ристовска
Најуспешна портистка во индивидуален спорт
Ангела Мојсовска
Најуспешна спортистка со инвалидитет
Оливера Наковска-Бикова
Најуспешна спортистка за 2018 година
Наташа Андонова