06.06.2019 Раководството на Кошаркарската федерација на Северна Македонија, на чело со Претседателот Перо Антиќ и Генералниот Секретар Владимир Георгиевски, денеска ги додели ваучерите на кошаркарските клубови. Мерката за ваучерите е воведена во насока на подобрување на работата на спортските федерации, преку изнаоѓање партнери за соработка кои ќе ги искористат поволностите од законот за ослободување од законот за добивка. Како што претходно објаснија од Агенцијата за млади и спорт, ваучерите ќе можат да се користат веднаш. Засега се одвоени вкупно шест милиони евра за овој проект, а во иднина се предвидува тој да порасне на десет милиони евра.