18.05.2018

Доделено признание на КК Работнички за најдолга серија како непоразени

Македонската кошаркарска федерација на денешната прес-конференција, со која ја најави финалната серија од Плејофот, на кошаркарскиот клуб Работнички им додели признание со кое се одбележува најдолгата серија како непоразени во регуларниот дел од сезоната.

Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив тековната сезона запиша 22 победи во низа без ниту еден пораз.

Се надеваме дека ќе продолжиме во иднина вакво признание да им доделуваме на клубовите.