Точно пред една година, паднаа првите кадри, а за некој ден, поточно во сабота, доаѓа и премиерата.
Со голема поддршка на семејството Георгиевски, Кошаркарската федерација на Македонија, и пред се, Македонската радио телевизија, на 29. октомври, ќе биде премиерата на документарниот филм „Среќна 13-ка“ посветен на еден од најголемите играчи во историјата на македонската кошарка, европската и светската кошарка – Благоја Георгиевски-Буштур.
Луѓето од МРТ се погрижија, како што доликува на еден великан, премиерата на документарниot филм „Среќна 13 ка“ да биде во сабота навечер, од 20.50 часот, на првиот програмски сервис на нашата национална телевизија.
Во исто време, пријателите на Буштур ќе ја имат таа привилегија во истиот термин, во хотелот „Парк“ во Скопје да бидат на проекцијата на ова сведоштво за големината на еден Благоја Георгиевски-Буштур!
ПРОМО-ВИДЕО: https://www.facebook.com/watch/?v=444882401083050