23.05.2022

.

Дополнителен термин за селективен тренинг за упис во ДСУ Спортска Академија

Државното средно училиште „Спортска Академија“ објавува дополнителен термин за селективен тренинг на ученици и ученички кои навршуваат основно образование (деветто одделение) и имаат желба да продолжат со образованието токму на Спортската академија

Во спортската академија се изучува по скратена гимназиска програма, одобрена од Министерството за образование, по која учениците ќе можат да го продолжат своето високо образование на сите државни и приватни факултети во Република Македонија.

Кандидатите за селективните тренинзи на Спортската академија мора да се придржуваат до закажаните термини. На денот на селективниот тренинг треба да пополнат прашалник кој ќе им биде доставен од страна на тренерите. Сите кандидати со себе треба да понесат опрема за тренинг како и документ за лична идентификација.

ТЕРМИН ЗА СЕЛЕКТИВЕН ТРЕНИНГ

Среда, 25.05.2022 година
10:00 часот
Спортска сала при Факултет за физичко образование, спорт и здравје.