12.06.2020

Овој викенд, Судиската комисија на КФСМ продолжува со on-line предавања

Дополнителна судиска едукација, уште едно предавање на националниот ФИБА-инструктор, Ѓорѓи Пиперков

Во периодот кој следува, Судиската комисија на КФСМ, во соработка со Националниот ФИБА инструктор, Ѓорѓи Пиперков, ќе организира уште едно on-line предавање.

По успешното одработување на првата тема „Механика на судење со три судии(3РО)  и (IOT) индивидуални техники на судење“, реализирано на 31.мај, овој викенд следува уште една интернет „работилница“ наменета за судиско-делегатскиот кадар..

Второто предавање на Ѓорѓи Пиперков ќе биде реализирано  на 14.јуни (недела), со почеток од 19.часот на тема: „Момент на шут и приземјување AOS-LANDING“.