Српскиот стручњак Драган Бајиќ од денеска влегува во друштво на големиот број звучни тренерски имиња кои историјата го воделе нашиот сениорски национален тим.
Драган Бајиќ е 15. селектор во историјата на македонската репрезентација, а петти странец на нејзиното кормило.
Пред него, националниот тим го водеа: Александар Књазев, Стерија Андоновски, Благоја Георгиевски Буштур, ЛАзар Лечиќ, Заре Марковски, Марин Докузовски ( во два наврати), Јорданчо Давитков (во два наврати), Јовица Арсиќ, Марјан Лазовски, Алеш Пипан, Александар Ѓикиќ, Марјан Србиновски, Драган Раца и Александар Тодоров.
Иако денеска официјално ја презеде новата функција, Бајиќ ќе дебитира во август кога на програмата се претквалификациите за Светското првенство во 2023 година.