12.08.2021

Претквалификации за СП 2023

Драган Бајиќ: Ништо не е загубено со овој пораз

Драган Бајиќ дебитира на кормилото на македонската сениорска машка репрезентација со пораз од Швајцарија во рамки на втората рунда од претквалификациите за СП 2023.

„Јас и вчера кажав, на тренингот почувствував некоја нервоза во тимот и поради тоа сметам дека дојдовме до некои грешки во играта. Тоа што вечерва го забележав е дека влеговме во некој огромен грч поради кој останавме без енергија и без сила, а со самото тоа и без концентрација. Многу промашени зицери, сигурно некои 8-9 лесни поени, 7 промашени слободни фрлања што можеби на крајот и беше пресудно кога во вториот дел успеавме да ја намалиме разликата, но и покрај тоа правевме грешки. Не се снаоѓавме добро со нивната одбрана. Не губиме многу со овој пораз, треба да се анализира натпреварот, да се регенерираме и да се обидеме да ги победиме преостанатите натпревари.“ - кажа селекторот на нашата сениорска репрезентација.