26.11.2021

Селекторот на Македонија, Драган Бајиќ реално ги согледа работите после поразот од актуелниот светски шампион, Шпанија (65:94).

Драган Бајиќ:„Шпанците ги 'прочитаа' нашите проблеми, и знаеја лесно да одговорат во вториот дел“

Селекторот на Македонија, Драган Бајиќ реално ги согледа работите после поразот од актуелниот светски шампион Шпанија (65:94).

„Сакам да им честитам на Шпанците за заслужената победа, а и да се заблагодарам на публиката за поддршката. Од играта во првото полувреме сум доста задоволен, но она што го најавив и пред натпреварот е за квалитетот на противникот. Тоа и се покажа на теренот во вториот дел од натпреварот.

Почнавме да играме брзоплето и се изгубивме на теренот. Си дозволивме да изгубиме топки и Шпанија да добие лесни поени. Мислам дека тие во вториот дел влегоа многу поагресивно. Ги ‘прочитаа’ нашите проблеми и знаеја лесно да одговорат, но тоа е силниот состав од калибарот на Шпанија. Резултатот од овој натпревар не е важен, важен е карактерот на играчите кои се доста борбени. Во периодот што следи мора да најдеме решение за проблемите кои ги воочивме денес и да го градиме тимот за тоа што не очекува во периодот што следи како за овие квалификации за Светското Првенство, така и за Евробаскет.

Не е убаво да се изгуби натпревар, но треба да бидеме реални за составите на двата тима. Ги предупредив играчите уште во соблекуваланта за цврстината на нивната одбрана, на играчите кои играат во Уникаха и во Валенсија. Знаев дека ако сакаме да го добиеме Тео Симиќ како играч мора да му дадеме шанса. Не само со него, туку и со другите играчи кои се млади и потенцијални за националниот тим. Во екипата владее позитивна атмосфера и среќен сум што сум дел од неа“- кажа Бајиќ на прес-конференцијата.